Шилегов со поддршка на „Борка“: секојдневната борба против ова заболување бара многу напор, стручност и пожртвуваност

1 min read

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, денес беше дел маршот за подигнување на свеста за ракот на дојката кој го организираше здружението „Борка“.

Голема и безрезервна поддршка за „Борка – за секој нов ден” македонското здружение за борба против ракот. Секојдневната борба против ова заболување бара многу напор, стручност и пожртвуваност, напиша Шилегов на фејсбук. 

Овие луѓе денеска покажуваат дека во тие битки не се предаваат и секогаш се тука да помогнат на пациентите заболени од рак, како и да ја едуцираат пошироката јавност, понудат совети на јавните здравствени институции и невладиниот сектор, со една и единствена цел, сите заедно да се спротистават на сите видови на рак, додаде во својата објавата. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Ако витаминот Д не го земате заедно со овие намирници, залудно го консумирате

Следно

Политички земјотрес во Грац, победија комунистите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian