Рејтинг: Најголемиот дел од Скопјани сметаат дека урбанизмот е најсериозен проблем во градот

1 min read

Во рамки на редовните истражувања за потребите на Град Скопје, Агенција Рејтинг спроведе анекта за задоволството на граѓаните од работата на градската власт.

Граѓаните на Скопје како најголем проблем го посочуваат урбанистичкото планирање и уредување на градот, односнона прашањето „Кој е најголем проблем со кој се соочува градот?“, 19,2% го посочиле како прв проблем. Следи одржување на комуналната хигиена со 11,3%, инфраструктурата со 11,5% и проблемот со уличните кучиња кој како главен проблем го посочиле 8% до анкетираните.

Како најголем успех пак на градот во изминатите четири години анкетираните го сметаат вложувањето во инфраструктурата, реконструкцијата на улиците и булеварите како и градбата на новите мостови. Високи 29,7% од граѓаните ова го посочиле како најголем успех на Град Скопје, а следува подобрувањето на парковите и ново зеленило со 10,5%, набавката на нови Еко автобуси за кое 9,3% рекле дека е најуспешен проект на градот. Високо рангирани на листата се и изградбата на нови вело-патеки, уредувањето на кејот на Вардар, реконструкцијата на Универзална сала и вложувањата во Зоолошката градина и Дино паркот.

Многу слични се резултатите и до задволството од работењето на градоначалникот Петре Шилегов,. Имено на прашањето „Колку сте задоволни од работата на градоначалникот Петре Шилегов?“, 46,3% од анкетираните рекле дека се целосно или главно задоволни од неговата работа, 19,5% проценти рекле дека ниту се ниту не се задоволни, додека 29,7% рекле дека се главно или целосно незадоволни. Преостанатите 4,5% не дале одговор на ова прашање.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Анкета на Рејтинг: Повеќе од половина од жителите на Скопје сметаат дека состојбата во градот е подобрена во последните 4 години

Следно

ФОТО: По самоизолацијата, Путин на одмор во Сибир

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian