Прва лига: Ренова пукна „петарда“, по еден бод за Пелистер и Работнички

1 min read

Се одиграа пет натпревари од осмото коло во Првата македонска фудбалска лига, Ренова беше една од најубедливите екипи која на домашен терен со 5:2 ја совлада Брегалница.

„Гипсарите“ водеа од 22 минута со погодокот на Јусуфи, а само 180 скеунди подоцна израмнија гостите преку Алтипармаковски.

За период од четири минути домаќините постигнаа два гола, за враќање на позитивата на домаќините се погрижија Селмани (33`) и Шефити (37`).

Манев во 53 минута ја намали негативата на штипјани, а сите дилеми околу победникот ги решија Илиески (74`) и Мустафов (90+2`).

Триумф забележа и Скопје на гостувањето кај Борец (0:2) со головите на Кировски во шестата и 13 минута од средбата во Велес.

Работнички и Пелистер ремизираа 1:1, по првите дел во предност беа „романтичарите“ од 34 минута кога стрелаше Ристевски, а битолчани дојдоа до бод во самиот финиш од мечот (Антонио, 90+1`).

Со истиот резултат заврши и пресметката помеѓу Струга Трим Лум и Шкендија, стружани водеа од 11 минута преку Скендери, а пораз за тетовските „црвено-црни“ не дозволи Тимовски (80`).

Тиквеш со 3:0 го надигра тимот на Македонија ЃП, за триумф се погрижија Камерунецот Нгоба (54`), Ивановски од пенал (83`) и Спахиу (90+1`).

Рундата ќе биде комплетирана со последниот натпревар кој ќе започне од 18.00 часот помеѓу Академија Пандев и Шкупи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Макрон ќе испрати 120 милиони дози ковид вакцини за сиромашните земји: Вакцинацијата таму заостанува

Следно

Приказна која отрезнува: ИТ-експерт со свршеницата го напуштиле Белград и заминалe на село

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian