Политички земјотрес во Грац, победија комунистите

1 min read

На денешните локални избори во Грац, главниот град на австриската покраина Шатерска, се случи политички земјотрес, откако Комунистичката партија на Австрија (КПО) извојува јасна победа.

Според првите резултати врз основа на дел од пробројаните гласови, КПО освои 29 отсто од гласовите, и со тоа го презема првото место во тој град, јавува Танјуг.

Инаку КПО само во Грац имаше свои советници, а на ниво на Австрија таа партија последните децении не беше во состојба ни приближно да достигне цензус.

На вторно место е Народната партија на Австрија (ОВП) со 26 отсто од гласовите, што е за 12 отсто помалку отколку на изборите во 2017 година. На трето место се Зелените со 17 отсто од гласовите, а на четврто место Социјалдемократската партија (СПО) со 9,8 отсто гласови.

Во градското собрание ќе биде и партијата Неос.

Врз основа на овие резултати Елке Кар би можела да стане првата комунистичка градоначалничка во Австрија.

– Да се биде градоначалник не беше во моите животни планови, рече таа во првата реакција и истакна дека може да замисли коалиција со Зелените и СПО.

Досегашниот градоначалник на Град Зигфрид Нагл, кој управуваше со градот 18 години, рече дека го боли најлошиот резултат кој неговата партија некогаш го остварила во тој град.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шилегов со поддршка на „Борка“: секојдневната борба против ова заболување бара многу напор, стручност и пожртвуваност

Следно

ВИДЕО: Наполи без грешка во Серија А, минутажа за Елмас и против Каљари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian