Песков: „Газпром” може да ги зголеми испораките на гас за Европа

1 min read

 Рускиот енергетски гигант „Газпром” е подготвен да го зголеми снабдувањето со природен гас во Европа, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој истакна дека „Газпром” е заинтересиран да склучи повеќе договори за снабдување со гас. Песков зборуваше за ниското ниво на гас во складиштата низ Европа.

– Дали е можно да се добие повеќе гас од „Газпром” и да се стави таму? Можно е. „Газпром” е подготвен. Покрај тоа, веќе ги исполни сите дополнителни барања, додаде портпаролот.

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) и некои членови на Европскиот парламент го обвинија рускиот гигант дека не прави доволно за да го зголеми снабдувањето со гас за Европа, каде што нејговите цени се зголемија.

Песков повтори дека „Газпром” ги исполнува сите обврски поврзани со испораката на гас.

– Дали „Газпром” е подготвен за повеќе, за потпишување повеќе договори? „Газпром” е заинтересиран за тоа. Тоа е затоа што нашите потрошувачи во Европа се наши главни партнери, рече Песков.

Референтната цена на европскиот гас се зголеми за повеќе од 250 отсто оваа година, што предизвика зголемување на цените на електричната енергија и влијание врз индустријата која се потпира на гас за своето производство, како што се постројките за производство на ѓубриво.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шилегов со поддршка на „Борка“: екојдневната борба против ова заболување бара многу напор, стручност и пожртвуваност

Следно

Што се случува со Металург, „сино-белите“ не можат ни против Тиквеш

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian