Нема среќа во љубовта: Том Круз ја прекина врската со 20 години помладата актерка

2 mins read

Холивудскиот актер Том Круз (59) ја прекина љубовната врска со својата помлада колешка Хејли Атвел (39). Двојката ја започна својата врска на снимањето на новото продолжение „Невозможна мисија“.

– Заедно поминаа низ интензивен период на снимање. Одлично се согласуваат, но одлучија да останат само пријатели. Том има премногу обврски и патува цело време. Тоа е и една од причините зошто тие не функционираа – изјавил извор близок до актерот за „Сан“.

Том Круз и Хејли Атвел ќе ја продолжат соработката на новиот филм чие снимање е при крај. Нивните познаници коментирале дека би можело да биде и непријатно.

Папараците не ги оставаа на мир, ги следеа во чекор, а врската ја прекината само два месеца откако објавија дека се заедно.

Поранешниот пар се појави и на овогодинешниот Вимблдон. Нивните насмевки и допири тогаш, покажаа дека уживаат во заедничкото друштво.

„Том и Хејли се вљубија на прв поглед“, изјави тогаш за „Сан“ извор од филмскиот сет.

Tom Kruz i Hejli

Фото: Профимедиа

Да потсетиме, Том беше во брак со колешката Кејти Холмс (42). Тие се разведоа во 2012 година поради контроверзната скиентолошка вера за која се залага Круз. Кејти се исели од куќата во страв за себе и за нивната ќерка Сури. Според странските медиуми, актерот оттогаш не ја видел својата ќерка бидејќи, наводно, неговата вера му забранува дружења, со оглед дека таа не е од скиентологија.

Tom Kruz i Kejti Holms, foto Profimedia

Фото: Профимедиа

Пред Кејти Холмс, Круз беше во брак со актерката Никол Кидман (54). Тие беа во брак 10 години и заедно ги посвоија синот Конор и ќерката Изабела. Поради татко им, децата ги прифатија верувањата на скиентолошката црква, а денес, од таа причина, не разговараат со својата мајка.

Фото: Профимедиа

Првата сопруга на Том беше актерката Мими Роџерс (65). Се венчаа во 1987 година, а се разведоа во 1990 година. Се претпоставува дека таа го вовела со скиентологијата.

Foto: Profimedia

Фото: Профимедиа

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Поплавени улиците во Загреб поради пукната цевка

Следно

ФОТО: Масовни протести во Тунис против претседателот Сајед

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian