Макрон ќе испрати 120 милиони дози ковид вакцини за сиромашните земји: Вакцинацијата таму заостанува

2 mins read

Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека Франција ќе даде 120 милиони дози вакцини против коронавирус на сиромашните земји, што е двојно повеќе отколку што беше најавено претходни,

-Неправедно е што на другите континенти стапката на вакцинација наголемо заостанува. Во Африка едвај три отсто од популацијата е вакцинирана, мода да се оди побрзо, рече Макрон, во обраќањето на концертот кој го организираше невладината организација „Глобал Ситизен“.

Макрон исто така истакна дека Франција ќе го дуплира бројот на дози вакцини кои ќе ги донира и со претходните 60 милиони дози, ќе го зголеми бројот на 120 милиони дози вакцини.

Од друга страна, кинескиот претседател Си Џинпинг рече минатата недела дека „обезбедување на чесна и праведна дистрибуција на вакцините низ целиот свет е итен приоритет“. Тој најави дека Кина има намера до крајот на годината да испорача вкупно 2 милијарди дози вакцини.

Според извештајот на СЗО објавен пред неколку дена, на Африка ќе и недостасуваат речиси 500 милиони дози вакцини во однос на глобалниот цел од 40 отсто вакцинирани до крајот на годината.

Францускиот претседател исто така најави „конкретни обврски“ кои се врзани со помош на УНИЦЕФ во организирањето кампањи за вакцинација во африканските земји и помош за тамошните здравствени системи.

Невладината организација Глобал Ситизен која во саботата вечер во повеќе светски градови организираше низа концерти, соопшти дека „уметниците на шест континенти ќе им помогнат на граѓаните во барањата, владите, големите корпорации и филантропите заедно да работат во одбрана на планетата и за пораз на сиромаштијата“.

Оваа организација наведе дека се фокусира на „најитните, меѓусебно поврзани закани кои најтешко ги погодуваат сиромашните, а тоа се климатските промени, еднаквоста во пристапот до вакцините и гладта“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Направете ја Хипократовата чорба, стар лек против сите болести!

Следно

Прва лига: Ренова пукна „петарда“, по еден бод за Пелистер и Работнички

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian