Денеска во третото коло од најсилното француско првенство составот на Нант на домашен терен со 34:28 го совлада Монпеље.
Тоа е втора победа по ред за Нант за моментно седма позиција со четири бодови, два помалку од водечките ПСЖ и Ним, додека двократниот европски шампион Монпеље има три бодови на деветтото место.
Најефикасни во домашниот состав беа Ривера и Монар со по пет голови, во триумфот придонесе и македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров кој трипати се запиша во листата на стрелците.
На спротивната страна шест погодоци беа дело на Бос, а два помалку запиша Валиниус.
Во следното коло Нант на 2 октомври ќе му гостува на Екс кој пред три дена загуби од Шамбери.