Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека шефот на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, му рекол дека Русија треба да ја напушти Африка што е можно побргу.
Лавров посочи дека би било подобро да се усогласат акциите и на ЕУ и на Руската Федерација во однос на борбата против тероризмот, не само во Мали, туку и во целиот Сахара и Сахел регион.
„Да се каже „јас прв пристигнав и затоа излезете“ е првенствено навреда за Владата во Бамако, која покани надворешни партнери. Второ, тоа не е начин да разговарате со никого“ им рече Лавров на новинарите.
Претходно оваа недела, Лавров и Борел се состанаа на маргините на Генералното собрание на ОН за да разговараат за ситуацијата во Авганистан, Украина и Мали. Тие разговараа и за ситуацијата меѓу Русија и ЕУ, како и прашањата за нуклеарниот договор за Иран и решенијата за Блискиот Исток, пишува Спутник.