ФОТО: Во Германската амбасада во Скопје се следат изборите во Германија, гости амбасадори и министри

1 min read

Дел од македонскиот државен врв како и странските амбасадори во земјава вечерва се гости во германската амбасада во Скопје каде ќе може да го проследат преку ТВ емисии на германските медиуми, пребројувањето на гласањето на изборите во оваа земја.

Кој ќе биде новиот наследник на канцеларката Ангела Меркел која заминува по 16 години на чело на Германија, ќе биде јасно доцна вечерва откако ќе се пребројат гласовите на Германците кои денеска го дадоа својот глас на изборите за Бундестагот.

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, евроамбасадорот Дејвид Гир, поранешниот министер, сега советник на премиерот, Едмонд Адеми како и други официјални претставници се дел од гостите на германската амбасадорка Анке Холштајн која приреди прием по повод изборите во нејзината земја.

Прием во Германската амбасада во Скопје/ Фото: Слободен печат
Германската амбасада во Скопје/ Фото: Слободен печат

Вечерва во 18 часот се затворија избирачките места во Германија по што почнува пребројувањето на гласовите.

Главната борба на овие избори е меѓу конзервативните демохристијани (ЦДУ и ЦСУ) и социјалдемократите (СПД), кои во моментов заедно формираат голема црно-црвена коалиција, и опозициските Зелени. Тие три партии се единствените кои, надевајќи се на победа, официјално предложија свои кандидати за канцелар.

Покрај нив, во Бундестагот најверојатно ќе влезат и партии кои и сега имаат пратеници – Либералите (ФДП), крајно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) и партијата Левица.

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Гаф на кандидатот за канцелар на Германија: Лашет си го покажа гласачкото ливче, ќе му биде ли важечко?

Следно

Лазаров и Нант го урнаа поранешниот европски шампион Монпеље

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian