ФОТО: По самоизолацијата, Путин на одмор во Сибир

1 min read

Рускиот претседател Владимир Путин помина неколку дена на одмор во Сибир, каде што повеќе од времето го поминал со риболов, објави денеска Кремљ.  

Според Ројтерс, Путин бил во кратка самоизолација, откако неколку лица од неговиот потесен круг биле позитивни на ковид.  

Рускиот претседател Владимир Путин на одмот во Сибир/ Фото EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ / KREMLIN POOL/ SPUTNIK / POOL MANDATORY CREDIT

Кремљ објави 20 фотографии на кои Путин лови риби, шета по ливади и разговара со министерот за одбрана Сергеј Шојгу, неговиот вообичаен придружник за одмор. 

Кон средината на септември, рускиот претседател рече дека ќе мора да помине „неколку дена“ во самоизолација, откако десетици луѓе во неговата околина се заразиле со коронавирусот.  

Рускиот претседател Владимир Путин на одмот во Сибир/ Фото EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ / KREMLIN POOL/ SPUTNIK / POOL MANDATORY CREDIT

Поради самоизолацијата, Путин мораше да го откаже патувањето во Таџикистан, на кое требаше да присуствува на безбедносниот самит.  

Претседателот Путин прими две дози од руската вакцина Спутник В, а Кремљ рече дека тој се чувствува добро и здраво. 

Рускиот претседател Владимир Путин на одмот во Сибир/ Фото EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ / KREMLIN POOL/ SPUTNIK / POOL MANDATORY CREDIT

Путин оди во самоизолација поради заразено лице во неговото опкружување

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Рејтинг: Најголемиот дел од Скопјани сметаат дека урбанизмот е најсериозен проблем во градот

Следно

За Депај бараат 500 милиони евра, а можно е да се повтори сценариото со Меси

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian