Изборите во Германија и вечерашното пребројување на гласовите на Германците ги приближи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и министерот за здравство Венко Филипче.
Во неформална атмосфера Мицкоски и д-р Филипче куртоазно си разменија мислења во дворот на германската амбасада во Скопје каде вечерва дипломатскиот кор и дел од македонскиот државен врв го следат исходот од изборите во СР Германија после кои новиот пратенички состав во Бундестагот ќе избере наследник на Меркел.
Мицкоски е жесток противник на здравствената политика на министерот Филипче и повикуваше на негова оставка во Собранието поради трагедијата во Тетово.
Лидерот на најголемата опозициска партија, вечерва се појави во друштво со потпретседателот на партија Владо Мисајловски, а беше и видно расположен и ги фотографираше гостите во Амбасадата.

Вечерава во германската амбасада во неврзан муабет, во присуство на амбасадорката Анке Холштајн беа „фатени“ и Мицкоски и Заев.