ФОТО: Актерот Том Фелтон колабираше на голф натпревар меѓу славни личности

1 min read

Ѕвездата од филмот „Хари Потер“, Том Фелтон колабираше за време на голф натпревар на кој се натпреваруваа славни личности меѓусебно.

Овој „медицински инцидент“ му се случи на актерот само неколку денови по неговиот 34-ти роденден, но иако набргу се освестил бил одвезен од теренот и пренесен во локална болница на лекување.

„На денешниот натпревар помеѓу славни личности „Ryder Cup“ актерот и музичар Том Фелтон искуси медицински инцидент на теренот додека настапуваше за Европа“ се вели во изјавата на  Професионалната Асоцијација за Голф на Америка.

 

View this post on Instagram

 

Shared post on

 

View this post on Instagram

 

Shared post on

Фелтон важи за страствен голф играч и на купот настапуваше за Европа заедно со професионалниот хокеј играч Тиму Селане од Финска, а тие играа против капетанот на американскиот олимписки тим по хокеј од 1980 Мајк Еруционе и олимпиецот по брзо клизање Ден Џенсен.

 

View this post on Instagram

 

Shared post on

Актерот е најпознат по улогата на Драко Малфој, ривалот на Хари Потер во истоимената франшиза на филмови.

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

МНР на Албанија: Србија да ги повлече вооружените сили и страните да се вратат на дијалогот

Следно

Швајцарија на референдум одлучува за истополовите бракови

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian