Денеска сончево и топло време

1 min read

 Утрово времето е свежо, а преку ден ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната од 27 до 32 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Од вторник ќе настапи значителна промена на времето. Ќе преовладува претежно облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Дневните температури значително ќе опаднат и ќе бидат под просекот за овој период од годината.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Министерството за култура, во вторник (28.09.2021) во Скопје ќе ја одржи завршната презентација на електронската апликација, која се воведува годинава, за Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2022 година

Следно

Мишел ги повика Курти и Вучиќ да ги намалат тензиите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian