Бизарно: Славниот водител откри дека неговата мајка сакала да му роди дете!

1 min read

Познатиот американски новинар и водител Андерсон Купер (53) неодамна гостувал во емисијата на Стивен Колберт и во таа прилика открил никогаш претходно откриени детали од односот со неговата мајка Глорија Вандербилт.

Купер раскажал дека неговата мајка 10 години пред смртта, му понудила да носи негово дете. Глорија сакала да му биде сурогат-мајка односно да му роди дете.

Како што рекол водителот, таа посетила гинеколог кој ѝ рекол дека сè уште е во состојба да раѓа. Купер се загрижил, бидејќи помислил дека тоа би значело дека таа сака уште едно дете за себе, но мајка му го уверувала дека не е тоа во прашање.

Anderson Kuper

Фото: Профимедиа

– Некогаш луѓето се прашуваат како во текот на интервјуата останувам прибран кога гостите зборуваат луди работи. Па, јас пораснав со Глорија Вандербилт. Ми рече: „Душо, јас не зборувам за тоа дека сакам уште едно дете, тоа е лудо, имам 85 години. Мислев ти да најдеш донор на јајце-клетки, сè да се направи како што треба, а јас да го носам твоето дете““, раскажал водителот во емисијата и открил дека бил шокиран:

„Тоа беше потполно ново ниво на лудило. Тоа дете би било на насловните страници до крајот на неговиот живот.“

Глорија Вандербилт почина во 2019 година, а само една година подоцна Купер го доби синот Вајат со помош на сурогат-мајка.

Купер е деклариран хомосексуалец, а во 2012 година првпат во јавноста го објави своето вистинско сексуално определување.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | „Сите треба да ве убијат“: Србин вербално нападна мигранти во автобус

Следно

Анкета на Рејтинг: Повеќе од половина од жителите на Скопје сметаат дека состојбата во градот е подобрена во последните 4 години

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian