152 сообраќајни прекршоци во Скопје, 63 за брзо возење

1 min read

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 63 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, 9 за возење под дејство на алкохол, 11 за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се 3 мерки за неносење на сигурносен појас, 7 за возач почетник, 8 за користењена мобилен телефон, 21 за непрописно паркирање. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Тешки изгореници и осип: Британските фризери масовно пријавуваат нови последици од ковид-19 кај клиентите

Следно

Исланд избори: Владејачката коалиција на пат кон задржување на мнозинството

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian