Заев: Целта ни е зелена енергија, одржлив раст, здрава животна средина и нови работни места

5 mins read

Една од главните заложби на Владата е да ги постави енергетските политики на стабилно долгорочни основи базирани на чиста, зелена енергија, создавање услови за одржлив раст на економијата, здрава животна средина и нови работни места, истакна премиерот Зоран Заев во обраќањето на Социо-еколошкиот форум во Скопје.

Заев посочи дека новиот Закон за енергетика е целосно услогласен со ЕУ и Енергетската заедница и овозможува реализација на новата стратегија за енергетиката до 2040 година и националниот план за клима и енергија.

Истакна дека еден од основните принципи на Владата е тоа што е зацртано во стратегиите и програмите брзо да биде преточено во реални проекти и конкретни акции. Поради тоа е донесена нова легислатива и усогласена со регулативата на ЕУ како поддршка на инвестициите во фотонапонските централи и ветерниците.

– Тоа веднаш беше препознаено кај странските инвеститори кои веќе ги зваршуваат своите проекти во земјава. Ние сме земја на сонцето, но за жал во минатото тоа не било доволно користено. Но, во изминатиоте четири години се градат огромен број капацитети. Се реализираат проекти од 30 милиони евра за фотонапонски централи со вкупно 62 мегавати. Во Осломеј на стариот јагленокоп реализираме 110 мегавати волтаици, 10 мегавати само како држава, и два пати по 50 мегавати со јавно-приватно партнерство. Вкупната вредност е 67 милиони евра, а условот беше по еден вработен од мегават да преземат приватните инвеститори. Тоа значи дека 100 вработени ќе преминат во новите фотоволтаични централи. Во Богданаци, Свети Николе и Демир Капија имаме по 36 мегавати ветерници, вкупно 108 мегавати. Завршени се сите постапки и тие се во почеток на градба. На стариот аеродром во Штип со француска компанија се реализира 360 мегавати фотонапонски централи вредни 200 милиони евра. Со германска компанија во Кумановско, Крива Паланка и Старо Нагоричане се прават 415 мегавати ветерници, проект вреден 500 милиони евра, рече Заев.

Посочи дека се работи и на трансформација на ТЕЦ Неготино од мазути на гас, а потоа на хидроген, од 220 мегавати, вредни 60 милиони евра. Грчката компанија Митилиенеос ги завршила сите подготовки за втора гасна централа во Скопје, проект вреден 100 милони евра со 110 мегавати и со топловодна мрежа за покривање на една третина од главниот град.

– Влеговме во проектот во Александрополис за изградба на голем гасен терминал вреден 600 милиони евра, како и 800 мегаватна гасна централа во која Северна Македонија ќе учествува со 25 проценти. Во Штип во областа Три чешми се водат преговори за изградба фотонапонска централа од 450 мегавати, вредна 280 милиони евра. Во Битола на местото на трите блока на јаглен каде сега се произведува 72 отсто од домшната електрична енергија, се планира изградба на два пати по 200 мегавати гасна централа и дополнителни 160 мегавати фотонапонска централа. Еден од најголемите проекти е Чебрен со Орлов мост, проект вреден 700 милиони евра со 350 мегавати. Обезбедена е и доплнителна локација за 50 мегавати кај Миравци. Потпишан е договор до ЕУ и ЕБОР за „гас транзишн” за транзиција на јаглените региони, кажа Заев.

Како поттик за инвеститорите, го наведе и новиот Закон за стратешки инвестииции. Секој што ќе вложи над 50 милиони евра во обновлива енергија ќе може да постигне директна спогодба со Владата што ќе се преточи во закон, со што, како што посочи, се добива брза трака за реализација на иневстицијата.

– Посветени сме на зелената агенда. Создаваме услови за инвестирање, нови рабтони места и здрава животна средина со безбедна иднина. Градиме инфраструктура од 140 милиони евра за хидриоген и природен гас, со интерконектор со Грција и физибилити студија со Косово и Србија. По 10 милиони инвестираме во инвертер клими за откажување од фосилни горива. Сите јавни институции до 2025 треба да преминат на гас или на инвертери и други обновливи извори на енергија. Се работи и на проекти за енергетска ефикасност, рече Заев.

Нагласи и дека Северна Македонија го поддржува Европскиот зелен договор за одржлива економија преку претворање на климатските и еколошките предизвици во нови можности.

Првиот Социо-еколошки форум што се одржува денеска во Скопје ги обединува под еден покрив регионалните и европски прогресивни политички лидери, тинк-тенк и невладини организации, младински лидери и новинари, да дискутираат за чистата и зелена иднина, достапна за сите граѓани на земјите од Западниот Балкан

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пакистан и Индија во ОН меѓусебно се обвинија за екстремизам

Следно

Парите не се проблем за шеиците, Мбапе оди во Сити?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian