Во шест области во Бугарија попишани над 50 отсто од населението

1 min read

 Вкупно 3.244.750 државјани на Бугарија сами се попишале онлајн или биле регистрирани од попишувачи. Попис е извршен во 1.652.935 домови, покажуваат податоците на Националниот институт за статистика на Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, за една недела се попишани на хартија повеќе од 1.300.000 луѓе. Во шест области на Бугарија веќе се попишани половина од населението.

Најмногу граѓани се попишани во Перник 54 отсто, а потоа следуваат Софија, Ловеч, Русе, Враца и Пловдив. Во 12 општини во Бугарија постојат центри за поддршка, кои им помагаат на граѓаните да се попишат.

Досега, 28,9 проценти од населението во Бугарија или 1.997.476 луѓе се попишани по електронски пат. Ова рангирање го предводи Софија, каде што има преброено 48,8 отсто од населението во главниот град, Варна (36,5 проценти), Габрово (30,6 отсто), Русе (30,2 отсто) и Бургас (28,9 проценти).

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ландо Норис го искористи киксот на Хамилтон и ја освои пол позицијата во Сочи

Следно

РЕЦЕПТ | Мартина ни направи полнети печурки: Совршена идеја за овој викенд

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian