Не стивнуваат реакциите за одличниот настап и фантастичната интерпретација на младата пејачка Лара Иванова на овогодишниот фестивал „Макфест“.
Лара ги освои симпатиите на публиката во Штип со нејзината изведба на песната „Душа“. Многумина дури ја прогласија и за морален победник на фестивалот, иако таа ја освои само наградата за вокална интерпретација.
Песната е дело создадено од Иле Спасев и Робин Зимбаков, кои уште еднаш докажаа дека се одличен тим. „Душа“ доби и музички видеоспот кој исто како и за претходната песна на Лара, се потпишува режисерот Владимир Митревски – Ѓуле.
„Песната „Душа“ мислам дека има душа и баш поради тоа ја освои публиката. Точно е, Иле и Робин направија магија и јас сум презадоволна. Вистина е дека реакции добивам секојдневно и тоа премногу ме радува. Мислам дека нема поголема награда за еден пејач или артист кога ќе види дека неговото дело е одлично прифатено од пошироката публика“, вели Лара.
Извор: www.slobodenpecat.mk