ВИДЕО: Историски ден, деби зачинето со гол на Даниел Малдини во дресот на Милан

1 min read

Фудбалерите на Милан ја совладаа Специја со 1:2 како гости во рамки на шестото коло во Серија А.

Натпреварот го одбележа Даниел Малдини кој го постигна својот прв гол во дресот на Милан. Даниел со дебито во првиот тим испиша историја во Милан бидејќи стана третиот член на негото семејство, по дедото Чезаре и таткото Паоло, кој настапил во првиот тим на „росонерите“. Историскиот ден го одбележа со голот во 48. минута.

Но, фудбалерите на Милан мораа добро да се испотат за да дојдат до победата бидејќи Специја во 80 минута со голот на Даниеле Верде дојде до израмнување.
Голот вреден три бода и лидерска позиција на табелата го постигна Брахим Дијаз во 87 минута.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нови 20 починати од ковид-19, а последните 24 часа има уште 392 заболени

Следно

Косовскиот премиер свика итен состанок на Советот за безбедност

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian