ТРЕВОГА: Првпат во историјата падна дожд на Гренланд, во опасност ниските крајбрежја во светот

1 min read
Минатиот месец за првпат во историјата откако се бележат временските прилики падна дожд на највисоката точка на ледената покривка на Гренланд.

Дождот траел неколку часа, пишува Npr.org, и укажува дека на таа мерна станица која се наоѓа на висина од над 3.000 метри, исклучително ретко е да се забележат температури над точката на смрзнување, а досега било неверојатно да се види дожд.

Летово е забележано и четвртото големо топење на ледот, а три се случија во последнава деценија.

-Имаше џиновски езера, стотици мали реки кои ја носеа таа вода, вели за NPR Џош Вилис, водечки научник на мисијата на НАСА Топење на Гренланд (OMG).

– Нашиот пилот кој има летано над Гренланд 25 години, вели дека никогаш невидел нешто вакво олку доцна во годината, додава Вилис.

Фото: Топење на Гренланд PROFIMEDIA

Гренландската ледена покривка содржи четири пати повеќе лед од сите останати глечери заедно вон Антарктикот. Гренланд е најголем остров на светот и е 36 илјади пати поголем од Менхетн, пишува Гардијан. Мразот на Грендланд на некои места е длабок дури три километри. Кога би се стопила целата ледена покривка, глобалното ниво на морето би пораснало за шест метри со што некоипониски крајбрежја ќе завршат под вода.

-Ако луѓето од Мајами, Шангај, Токио, Мумбаи, Лагос, Бангкок и Њујорк не се загрижени, треба да бидат, велат научниците кои сметаат дека ако продолжи ова темпо на топење ќе има големи миграции почнувајќи од 2030 година.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Лара Иванова со видеоспот за песната „Душа“: Ова е новиот хит на есента!

Следно

ВИДЕО: Лајпциг немаше милост, шест гола во мрежата на Херта

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian