Симиќ: Ние сме нова екипа, неискуството ни пресуди

1 min read

Тренерот на Работнички, Тони Симиќ е разочаран што неговите кошаркари не го совладаа МЗТ Скопје Аеродром, но во исто потенцира дека ова е нов тим на кој ќе му биде потребно време да се воигра.

– Пред сè, ова беше добар натпревар, а со оглед на тоа што ова беше прв официјален меч за нас по целосната реорганизација, јас сум презадоволен од момците за она што го прикажаа во овој Суперкуп. Ние сме нова екипа и сметам дека клучно беше нашето неискуство и на моменти невоиграност. Нè очекува тешка и напорна работа, но се надевам дека сме на добар пат и дека во иднина ќе биде уште подобро. Треба да извадиме поуки од нашите грешки, но ништо не е изгубено и продолжуваме со крената глава. Играме без притисок, со желба постојано да напредуваме- изјави Симиќ по натпреварот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО ВО ЖИВО | Ла Палма: Морничави звуци од новоотворениот вулкански кратер

Следно

„Фенти“ на Ријана со трето издание – и новости за новиот албум на пејачката

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian