Парите не се проблем за шеиците, Мбапе оди во Сити?

1 min read

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, пред денешното дерби со Челси призна дека на неговиот тим му недостасува елитен напаѓач и поради тоа идното лето „граѓаните“ ќе донесат елитен напаѓач откако не успеаја да го сторат тоа ова лето.

Гвардиола е свесен дека во својот тим нема напаѓач каков што има Челси во Ромелу Лукаку, откако во летниот преоден рок не успеа да го донесе Хари Кејн, а идното идното лето ќе се обидат да дојдат до потписот со Килијан Мбапе.

Сопствениците на Манчестер сити, кралското семејство на Обединетите Арапски Емирати, им наложија на директорите на клубот на сите начини да се обидат да дојдат до потписот со Килијан Мбапе и со тоа да му ги расипат плановите на Реал Мадрид.

Одличниот напаѓач одби да го продолжи договорот со ПСЖ и од 1 јануари ќе може да преговара со сите заинтересирани екипи.

Наводно, Манчестер сити е подготвен да му понуди на Мбапе нето неделна плата од 500.000 фунти со што би станал најдоброплатен фудбалер во Премиер лигата, но прашање е дали тоа ќе биде доволно за напаѓачот да се премисли и да потпише за „граѓаните“.

Веќе не е тајна дека сонот на Мбапе е да заигра за Реал Мадрид и поради тоа одби да потпише нов договор со ПСЖ кој му нудеше 50 милиони евра годишно со бонуси, само за да се пресели во Реал Мадрид каде може да добие највеќе 30 милиони евра.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Заев: Целта ни е зелена енергија, одржлив раст, здрава животна средина и нови работни места

Следно

Истражување: Дури 66 проценти од луѓето биле пријатели пред да се впуштат во љубовна врска

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian