Пакистан и Индија во ОН меѓусебно се обвинија за екстремизам

1 min read

 Пакистанскиот премиер Имран Кан ја обвини Индија во ОН дека ги „тероризира” муслиманите, што предизвика реакција од индиската делегација.

Говорејќи на годишната сесија на Генералното собрание на ОН во петокот, Кан го обвини индискиот премиер Нарендра Моди дека сака „да ја исчисти Индија од муслимани”.

– Најлошата и најраспространетата форма на исламофобија сега владее во Индија, и таа влијае на околу 200 милиони муслимани кои живеат во земјата, рече Кан.

Првата секретарка во индиската мисија во ОН, Снеха Дубеј, реагираше веднаш, обвинувајќи го Пакистан дека му обезбедил засолниште на водачот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, кој беше убиен во 2011 година од американски специјални сили.

– Тоа е земја (Пакистан) на пиромани која се претставува како пожарникар, рече таа, додавајќи дека Пакистан „ги храни терористите и се надева дека ќе ги загрози своите соседи”.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Грејната сезона може да почне и порано доколку температурата е помала или еднаква на 12 степени целзиусови

Следно

Заев: Целта ни е зелена енергија, одржлив раст, здрава животна средина и нови работни места

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian