Откриена причината за смртта на актерот Мајкл К. Вилијамс

1 min read

Американскиот актер и продуцент Мајкл Кенет Вилијамс беше еден од најценетите и најпознатите таленти на неговата генерација. Актерот беше пронајден мртов во својот стан во Њујорк на 6 септември, а сега е објавена причината за смртта, пренесува „Би-Би-Си“.

Мајкл К. Вилијамс пронајден мртов во својот стан во Њујорк: Актерот отворено зборуваше за неговата долгогодишна борба со дрогата

Имено, актерот (54) починал од предозирање со комбинација на хероин, кокаин, фентанил и п-флорофентанил, потврди главниот патолог на Њујорк. Канцеларијата на главниот патолог во Њујорк истакна дека е утврдено дека актерот за жал починал од случајно предозирање. Вилијамс бил во бесознание кога неговиот внук го пронашол во станот на 6 септември.

мајкл кенет вилијамс
Мајкл Кенет Вилијамс / Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Актерот во минатото отворено зборуваше за неговите проблеми со дрогата. Во една прилика, тој откри дека, додека глумел во серијата „Тhe Wire“, користел дрога „на застрашувачки места, со застрашувачки луѓе“. Сепак, тој рече дека не земал „ништо посилно“ од кокаин и марихуана.

„Си играв со оган. Беше само прашање на време кога ќе бидам фатен и ќе завршам на насловната страница на еден таблоид, во затвор, или, во најлош случај, мртов“, изјави тој во 2012 година.

Вилијамс, исто така, беше дел од серијата „Boardwalk Empire“ во улога на Алберт Вајт, и беше дел од филмските хитови како што се „Lovecraft Country“, „12 Years a Slave“, „Motherless Brooklynк“ и многу други…

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Расте тензијата во Косово: Српски борбени авиони го надлетуваат преминот Јариње (ВИДЕО)

Следно

Северна Кореја за преговори со Сеул доколку постои взаемна почит

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian