Ѓоковиќ ќе игра на Мастерсот во Индијан Велс

1 min read

Организаторот на следниот турнир од Мастерс серијата, Индијан Велс, потврди дека на турнирот ќе учествува и првиот тенисер на АТП ранг листата, Новак Ѓоковиќ.

Иако имаше шпекулации дека српскиот тенисер нема да учествува во Индијан Велс бидејќи по поразот во финалето на УС Опен изјави дека не знае на кои турнири ќе учествува до крајот на сезоната, се е сигурно дека Индијан Велс нема да биде прецртан во неговиот календар.

Новак Ѓоковиќ ќе се обиде во Индијан Велс да дојде до титулата со што би станал првиот тенисер во историјата кој славел шест пати на овој турнир. Мастерсот во Индијан Велс започнува на 4 октомври.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тројца Македонци се попишале од Антарктикот, еден од вулкански остров

Следно

Медицинскиот факултет во Белград прв воведе ковид пропусници во Србија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian