НБА кошаркарите кои не сакаат да се вакцинираат нема да можат да играат во Њујорк и Сан Франциско

2 mins read

Најголем дел од населението во САД е вакцинирано против коронавирус, а неколку градови воведоа посебни забрани за да ја контролираат пандемијата и тоа може да влијае на дел од кошаркарите кои играат во НБА лигата.

Засега два града, Њујорк и Сан Франциско воведоа одлука според која невакцинирани лица нема да смеат да присуствуваат на приредби во сали, а во нив спаѓаат и кошаркарските натпревари.

Иако НБА лигата не инсистира кошаркарите да се вакцинираат, таа не може да влијае на одлуката на локалните власти па со тоа, играчите кои не се вакцинирани нема да смеат да играат во салите на Њујорк никс, Бруклин нетс и Голден Стејт вориорс.

Според последните информации, сите кошаркари на Њујорк никс се вакцинирани, во Брулин се чека истото да го стори само Кајри Ирвинг, додека во редовите на Голден Стеј е најкритично бидејќи крилото на „воините“ Ендрју Вигинс  бараше од локалните власти поради „религиски причини“ да му дозволат да не се вакцинира.

Според медиумите во САД, НБА лигата го одбила барањето на Вигинс, а локалниот весник „Сан Франциско Гејт“, пишува дека доколку би добил дозвола од челниците на лигата, таа нема да му важи бидејќи конечната одлука да носат здравствените власти во Калифорнија кои во меѓувреме се огласија и порачаа дека нема да направат никакви отстапки за играчот на „воините“.

Во Голден Стејт вориорс одлучија да им дозволат на играчите сами да донесат одлука дали ќе се вакцинираат, а бидејќи Вигинс нема намера да отстапи од својата одлука, се поизвесно е дека наскоро ќе се случи размена и кошаркарот би бил испратен во тим каде што нема рестрикции за невакцинирани лица.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Четири пациенти ја загубија битката со вирусот во штипската модуларна болница

Следно

ВИДЕО | Расте тензијата во Косово: Српски борбени авиони го надлетуваат преминот Јариње (ВИДЕО)

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian