Наставничка од Марибор добила отказ, зашто била активна антиваксерка

1 min read

На наставничка во основно училиште во Марибор и било врачено решение за престанок на работниот однос бидејќи одбила да се тестира или да се вакцинирана против Ковид-19, што е прв таков случај откако словенечката Влада ги заостри антиепидемиските мерки, пишуваат словенечките медиуми.

На наставничката од почетокот на учебната година и била одредена привремена забрана за работа бидејќи одбила да се тестира еднаш неделно и да носи маска во училницата, што е обврска пропишана од Министерството за образование. Таа сега е отпуштена.

Таа има право да поднесе жалба на одлуката за престанок на работниот однос во рок од две недели.

Според локалните медиуми, наставничката била активна во група против вакцинација, која неодамна упадна во студио на информативна програма, барајќи да престане „пропагандата” на владината кампања за вакцинација, а во видео на Фејсбук ги убедувала родителите да не ги испраќаат своите деца во „режимски и фашистички училишта”.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 25 септември: Среќата ќе биде на вашата страна

Следно

Џабе повеќе пари ако се употребат за повеќе вработувања

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian