Најмалку осум лица загинаа во експлозијата во Сомалија

1 min read

Најмалку осум лица загинаа во експлозија на автомобил-бомба на контролен пункт во близина на претседателската палата во главниот град на Сомалија Могадишу, соопшти локалната полиција.

– Потврдено е осум лица, главно цивили, загинаа, а седум се повредени во експлозија на автомобил-бомба, соопшти полицијата.

Експлозијата се случи претпладне на контролен пункт на еден километар од претседателската палата.

Очевидци велат дека возилото експлодирало додека му приоѓале стражарите на контролниот пункт.

Одговорноста за нападот ја презедоа џихадистите на групата Ал Шабаб. Движењето Ал Шабаб се појави во 2000 година како спој на неколку сомалиски исламистички групи и Ал Каеда.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Илон Маск и Грајмс се разделуваат по тригодишна врска

Следно

МЗ: Вчера се аплицирани 6.897 вакцини

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian