Минофрлачка граната м-1913 од Првата светска војна, безбедно подигната од „Јадранска магистрала“ во Скопје

1 min read

 Во СВР Скопје вчера околу 12.40 часот било пријавено дека при вршење ископ во фирма на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје била пронајдена неексплодирана граната.

Увид на местото извршиле екипа од СВР Скопје и од Дирекцијата за заштита и спасување, информираа денеска од МВР.

Било констатирано дека станува збор за минофрлачка граната м-1913, која потекнува од Првата светска војна. Гранатата била безбедно подигната за понатамошна постапка.  

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Истражување: Дури 66 проценти од луѓето биле пријатели пред да се впуштат во љубовна врска

Следно

Тројца Македонци се попишале од Антарктикот, еден од вулкански остров

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian