Министерот на српското МВР предупредува: За војна е потребна една будала и се одзива на името Курти

1 min read

Министерот за внатрешни на Србија, Александар Вулин истакна дека хеликоптерите имаат право да надлетуваат каде било на територија на Србија.

-За мир се потребни барем двајца, а за војна е доволна една будала, а се плашам дека таа будала ја имаме од другата страна. Седи во Приштина и се одзива на името Курти, рече Вулин во телевизиско интервју.

Вели дека Србија има причини за загриженост.

-Луѓето кои ја водат Приштина се големи кукавици и од нив можете да очекувате сѐ, рече министерот.

Вулин дополни дека Србија знае што сака и уште појасно, знае што не сака.

Извор: Фото: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Со пресметката на МЗТ Скопје и Работнички во Суперкупот започнува новата сезона во мак баскетот

Следно

Илон Маск и Грајмс се разделуваат по тригодишна врска

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian