Кошаркарките на Бадел триумфираа во Суперкупот

1 min read

Кошаркарките на Бадел 1862 се освојувачи на првиот трофеј наменет за победникот во Суперкупот, кој од оваа сезона го носи името на „Драган Василов Цевка“.

Тие остарија убедлив триумф од 88:72 над одвојувачот на двојната круна од минатата сезона, Баскет КАМ, и најавија дека во новата сезона ќе се борат за враќање на тронот во женската кошарка.

Кошаркарките на Баскет КАМ кои направија поголеми промени во ростерот, подобро го отворија натпреварот, поведоа со 0:6, а потоа имаа и водство од 2:9, но „баделки“ успеаја да се вратат во игра по тај-аутот кој го побара тренерот Стамески и намалија на 10:12 за на крајот од првиот дел да имаат предност од 22:19.

Од тие моменти, кошаркарките на Бадел не го испуштија водството, а дилемите околу победникот ги решија во втората четвртина која ја добија со 27:14 по што во второто полувреме рутински ја одржуваа двоцифрената предност.

Накјдобра во тимот на Бадел 1862 беше Кметовска со 26 поени и 12 скокови, Стојановска, имаше 21 поен и 11 асистенции додека кај Баскет КАМ се истакнаа засилувањата Адамс со 27 и Алексиќ со 18 поени.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Се попиша и вицепремиерот Николовски

Следно

Албанија: Хакери бараат 300.000 долари за да ја вратат архивата на националната ТВ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian