Истражување: Дури 66 проценти од луѓето биле пријатели пред да се впуштат во љубовна врска

2 mins read

Љубовта сама по себе за многу луѓе е чиста мистерија. Доколку се уште не сте го пронашле својот иден партнер, научниците сугерираат да ги прегледате веќе постоечките контакти во вашиот мобилен телефон, бидејќи е можно меѓу нив да се крие љубовта на вашиот живот.

Имено, во мета-анализа на седум студии објавена во списанието „Social, Psychological and Personality Science“, истражувачите ги анализирале резултатите од 1.900 учесници и откриле дека 66% од нив биле во пријателски односи со своите партнери пред да влезат во емотивна врска.

љубов

Според експертот за односи и терапевт Рејчел Рајт, ова истражување покажува дека повеќето романтични врски се развиваат и се темелат на пријателство, а причината се наоѓа во истражувањето на основачите на институтот „Gottman“, брачниот пар Џон и Џули Готман.

„Ако ја погледнете нивната теорија за долгорочни, среќни, здрави и успешни врски, ќе видите дека љубовта се споменува дури на крајот“, посочува Рајт, додавајќи дека истите карактеристики што не прават добри пријатели всушност не прават добри партнери.

љубов

Понатаму, има смисла дека вредностите што се важни во пријателските односи да се од суштинско значење и во долготрајна и среќна врска, бидејќи разбирањето на партнерот како човек е можеби најважната компонента на секоја успешна врска.

„Запрашајте се во што, освен во сексот, е разликата помеѓу вашите пријателства и вашите романтични врски и бидете сигурни дека она што го имате со пријателите е присутно и кај вашите партнери“, вели таа.

Нема причина зошто двајца возрасни да не можат да го сменат контекстот на нивната врска и да се вратат на старо, ако романтичната врска не функционира, не заборавајте да негувате пријателска врска со сите нови потенцијални партнери.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Парите не се проблем за шеиците, Мбапе оди во Сити?

Следно

Минофрлачка граната м-1913 од Првата светска војна, безбедно подигната од „Јадранска магистрала“ во Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian