Илон Маск и Грајмс се разделуваат по тригодишна врска

1 min read

Илон Маск и Грајмс се разделуваат по три години, пренесува „Page Six“.

Маск за странските медиуми изјави дека сè уште е во добри односи со Грајмс и заедно се грижат за нивниот едногодишен син X Æ A-Xii.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @elonmusk

„Сè уште се сакаме, често се гледаме и сме во одлични односи“, вели Маск.

илон маск грајмс
Илон Маск и Грајмс на Греми наградите во 2019 / Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

„Мислам дека раѓањето на детето за мене беше уметничка преродба“, напиша Грајмс на социјалните мрежи.

Поранешниот пар последен пат беше виден заедно на Мет Гала на почетокот на овој месец.

Странските медиуми пишуваат дека следниот ден биле видени како заедно го напуштаат Њујорк, но минатиот викенд Маск наводно дошол сам на забава организирана од коосновачот на „Гугл“, Сергеј Брин.

илон грајмс
Илон и Грајмс / Фото: Принтскрин/Instagram

Маск беше во брак со актерката Талула Рајли, со која се ожени двапати. Прво се венчаа во 2010 година, но се разведоа во 2012 година. Тие се смирија една година подоцна, повторно се венчаа во 2013 година и повторно се разделија во 2016 година. Маск потоа имаше кратка врска и со Амбер Херд.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Министерот на српското МВР предупредува: За војна е потребна една будала и се одзива на името Курти

Следно

Најмалку осум лица загинаа во експлозијата во Сомалија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian