Финансиската директорка на Хуавеи ја напушти Канада

1 min read

Финансиската директорка на кинеската компанија Хуавеи Менг Ванџу ја напушти Канада, веднаш по судската одлука за нејзино ослободување, со што заврши тригодишната судска и дипломатска сага меѓу Пекинг, Отава и Вашингтон.

Менг, кој беше во домашен притвор во Ванкувер од крајот на 2018 годинасе качи во авион за Кина.

Судската одлука за нејзино ослободување беше донесена врз основа на договор со САД, кои претходно побараа нејзина екстрадиција поради финансиска измама.

Ќерката на основачот на компанијата Хуавеи беше уапсена на аеродромот во Ванкувер на 1 декември 2018 година, на барање на САД. Американските власти тогаш тврдеа дека Менг ја криела врската помеѓу Хуавеи и Скајком во обид да продаде опрема на Иран, и покрај санкциите што Вашингтон ги воведе кон Техеран.

Доколку договорот меѓу американските правосудни органи и кинеската одбрана не се оспори или прекине до 1 декември 2022 година, точно три години по нејзиното апсење, тужбата против Менг Ванџу ќе биде отфрлена засекогаш, соопштија американските власти.

Со прифаќањето на овие услови од договорот, ќе завршат тригодишните судски спорови и тензии меѓу Пекинг, Вашингтон и Отава. Случајот предизвика меѓународен спор и ги заостри односите на Кина со САД и Канада.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Како мене нема во Македонија и Европа“ – Данела Арсовска се испофали на првата прес конференција

Следно

„Кратки нозе“, прва епизода: Дезинформации за пожарот во Тетово, пописот и изборите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian