Брентфорд му даде три гола на Ливерпул и дојде до бод

1 min read

Фудбалерите на Ливепрул одиграа 3:3 на гостувањето кај Брентфорд во фантастичен натпревар од шестото коло во Премиер лигата.

И покрај киксот против новајливата во Премиер лигата, Ливепрул се искачи на првото место на табелата со 14 бодови, но пропушти да направи поголема предност пред Манчестер сити, Челси, Манчестер јунајтед и Евертон кои имаат по 13 бодови.

Домашниот тим не се исплаши од фаворизираниот противник кој досега имаше примено само еден гол, и прв поведе со голот на Пинок во 27 минута. Радоста на домашниот тим траеше само четири минути по што Диого Жота донесе израмнување.

Во вториот дел, „црвените“ со голот на Мохамед Салах направија пресврт и поведоа со 1:2, но Џанелт во 63 минута го израмни резултатот. Куртис Џонс повторно му носи предност на Ливерпул во 67 минута и тоа со шут од 20-тина метри. Неколку моменти подоцна Салах промаши голема шанса да го реши мечот, по што казната го стигна Ливерпул. Во 82. Минута, резервистот Јоан Виса одлично се снајде пред голот на Алисон и одбиената топка ја смести во голот за конечни 3:3.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ла Палма: Аеродромот на островот е затворен поради облаци од пепел

Следно

Бугарите им се ситат на Британците: Да видите како изгледаат празни продавници

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian