Ахмети апелира до граѓаните да се попишат

1 min read

Демократската унија за интеграција (ДУИ) соопшти дека претседателот на партијата Али Ахмети и неговото семејство денеска во неговиот дом го реализирале процесот на попишување. Притоа Ахмети уште еднаш упатил апел до граѓаните да се попишат.

Пописот на населението во земјата завршува на 30 септември.

-Денеска бев домаќин на попишувачите во мојот дом и заедно со моето семејство станавме дел од пописот на населението во нашата земја. Ве замолувам не двоумете се и попишувајте се сите, резиденти и нерезиденти, во земјата и во дијаспората, заедно со секој член на вашето семејство. Попишувањето се одвива до 30 септември, додека од денес сите оние кои не се попишани од различни причини во својот дом, истото можат да го направат во општината во која живеат. Дијаспората треба да се попишува онлајн на следниот линк: https://popis2021.stat.gov.mk, напишал Ахмети на Фејсбук.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Северна Кореја за преговори со Сеул доколку постои взаемна почит

Следно

Ландо Норис го искористи киксот на Хамилтон и ја освои пол позицијата во Сочи

Latest from Blog

На денешен ден – 21 октомври

1422.- Умре францускиот крал Шарл VI, кој на престолот беше 42 години. Во почетокот на владеењето бил наречен „Саканиот Шарл“, но

MacedonianEnglishAlbanian