Завршена е реконструкцијата на еден дел од плочникот во Порта Влае

1 min read

Завршена е реконструкцијата на еден дел од плочникот во Порта Влае.

Поставени се нови гранитни плочки и хидроизолација, по што градежните активности продолжуваат во должина на истиот потег (паралелно со улицата „Есперанто“).

Во првата фаза предвидена е обнова на 6.000 квадратни метри, а исто така претстои и реконструкција на околните жардиниери (каде што е засадено зеленило).

Ова е еден од пофреквентните делови во општина Карпош и после 30 години конечно се подобруваат условите за движење на граѓаните, но и за работа на деловните субјекти. Првата фаза од реконструкцијата на овој плочник ја финансира „ТАВ Македонија“ и е во вредност од 25,5 милиони денари, информираат од локалната сампуправа на општина Карпош. 

Општина Карпош преку Советот донесе и развојна програма за финансирање и реконструкција и на преостанатиот дел од плочникот. На тој начин, вкупната површина која ќе биде реконструирана изнесува 14.380 квадратни метри. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

ФОТО | Брендот „Валентино“ со лимитирани дуксери во борба против коронавирусот: Лејди Гага се поднови

Следно

Талибанците повторно како казна ќе воведат отсекување на раце

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian