Водителките на американската телевизија Еј -Би -Си доживеаја непријатно изненадување откако биле замолени да го напуштат студиото среде емисија бидејќи им било соопштено дека тие се позитивни за коронавирусот.
Ана Наваро и Сани Хостин, кои биле целосно вакцинирани, го напуштиле студиото неколку минути пред гостувањето на американската потпретседателка Камала Харис.
BREAKING: Sunny and Ana have been asked to leave the ABC studio because they tested positive for COVID.#TheView pic.twitter.com/DMIYrjHjid
— The Chat (@LiveOnTheChat) September 24, 2021
„Ми се чини дека овде се случува нешто за што не сум 100 проценти свесна“, рече водителката Џои Бехар, по што емисијата започна нов сегмент.
„Може ли некој да ме извести за ситуацијата? Вие две мора да излезете веднаш“, им кажа некој од режијата на водителките.
Бехар тогаш се подготвувала да ја претстави потпретседателката на САД, кога некој од режијата ги прекина.
Харис требала да се приклучи на шоуто од друго студио на Еј-Би-Си во Њујорк. По рекламите, Бехар и Сара Хејнс, кои седеле на едната страна на масата, се преместиле во средина на масата.
Бехар потоа им соопшти на присутните што всушност се случило.
„Бидејќи ова ќе биде главната вест, Сани и Ана најверојатно се позитивни на ковид“, рече Бехар.
„Колку и да се трудите, вакви работи се случуваат, тие веројатно брзо ќе закрепнат и сигурно ќе бидат добро, бидејќи и двете се целосно вакцинирани“, додаде таа.