„Организацијата за граѓански активизам и независност“- О.Г.А.Н., деновиве ја затрупа јавноста со анкети на кои редовно во голема предност се кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори. Здружението е основано минатата година во мај, регистрирано на домашна адреса во Ченто, без контакт-телефон и веб- страница, пишува порталот А1ОН.
Соседите, кои не сакаат да зборуваат пред камера, велат дека не знаат оти на таа адреса има регистрирано здружение, но потврдуваат дека тоа е домот на Маја Додевска-Пешевска, која според Централниот регистар, е еден од основачите на О.Г.А.Н.
Од здружението не одговориле на прашањата поврзани со нивната работа, меѓу кои е и прашањето од кога се занимаваат со изработка на политички анкети, со оглед на тоа што во Централниот регистар е наведено дека О.Г.А.Н. се занимава со дејности од културата.