На социјалните мрежи се појави хит видео на кое Талибанците вежбаат во теретана, возат педалинки или автомобили во забавен парк со познатата песна од серијата „Пријатели“ во позадина.
Овие снимки од Талибанците кои работат на различни забавни активности се појавија откако Талибанците го освоија Авганистан и Кабул.
Тие беа инспирација за да се направи оваа компилација и да ги претвори снимките во „пријателско видео“..
Талибански војници беа снимени во луна парк, каде се возеа на рингишпил со пушки на социјалните мрежи, покрај интересното видео во теретана.
Извор: www.slobodenpecat.mk