ВИДЕО | Eмотивна балада: Боби не разнежни со новата песна „Калдрма“

2 mins read

„Калдрма“ е насловот на новото музичко парче на Боби Павловски, кое по само по три ден од промоцијата има повеќе од 17. 000 прегледи. Станува збор за емотивна балада со моќен текст кој е преточен во одлична видеоприказна за која кадрите се снимени во Белград.

Зад песната која е продолжение на серијалот, инаку најава за албумот што е следната музичка цел на Павловски, како автор на музиката и текстот стои Љубинко Танасиќ. Аранжманот и овој пат е дело на Милан Раѓен, а нов соработник му е Ивана Селаков, која јавноста ја памети по бројните хитови и особено фантастичниот дует со Аца Лукас. Видеото и овој пат е работено со одличната екипа на Tropical Lifeisfun и режисерот Љуба Радојевиќ.

„Горд сум на целиот овој проект што го работам веќе некое време и навистина едвај чекам да го заокружам и на јавноста да ѝ го претставам целиот албум. Пред тој да го здогледа светлото на денот во план ми е да пуштам уште три нумери, од кои едната ќе биде дует. Инаку, морам да признаам дека оваа песна во мене разбуди посебна емоција уште кога ми беше понудена и не ми е срам јавно да кажам дека додека ја снимав сцената како свирам на клавир – плачев“, вели Боби, кому баладите му се омилени затоа што, вели, будат посебна емоција не само кај него, туку и кај публиката.

Уживајте во „Калдрма“ и не заборавајте таа памети се, чува спомени… И сакајте безусловно и чувајте ги оние кои ги сакате затоа што никогаш не знаеме што е богатство додека не го загубиме.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Осумгодишно девојче кое исчезна лани во Германија, пронајдено во стан во Хрватска

Следно

Градежен работник загина по пад од зграда

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian