Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево во Земун, кога градски автобус, на кој му откажале кочниците, влета во игралиште полно со деца.
На социјалните мрежи се појавија неколку снимки од околните безбедносни камери, на кои се гледа како автобусот, кој бил управуван од 72-годишен возач, со голема брзина влетува на игралиштето, на кое, според сведоците, имало десетина луѓе. Неколку деца се повредени, а едно девојче посериозно, пренесуваат српските медиуми.
Auu čoveče! pic.twitter.com/ZIPnI4llwv
— Morana (@Morana46648438) September 24, 2021
Повреденото девојче, според извештаите, е надвор од животна опасност. Според првичните информации од истрагата, причина на несреќата е тоа што се заглавила кочницата на автобусот.
Snimak jezive nesreće u Zemunu. pic.twitter.com/fAwFjDXYL1
— Kalabaster (@KalabasterJak) September 24, 2021
Според дел од медиумите, возачот на автобусот веднаш по несреќата се оддалечил од местото, но подоцна е пронајден и приведен во полиција.