Јунајтед и Солскјер се жалат на судењето, виновен им е Клоп

1 min read

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер денеска се пожали дека судиите судат помалку пенали за неговиот тим откако менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп се жалеше на почетокот од годината.

Солскјер смета дека Јунајтед е оштетен за два пенали во победата над Вест Хем од 2:1 минатата недела, а исто така смета дека неговите фудбалери заслужиле да им биде досуден пенал против истиот тим во натпреварот од Лига Купот.

– Се надевам дека ќе го добиеме тоа што го заслужуваме. Требаше да добиеме дури три пенали на последните два натпревари, но сè се промени кога еден менаџер почна да се жали на судењето. Сега се гледа огромна разлика и потешко се носат таквите одлуки – изјави Солскјер на прес-конференцијата пред натпреварот со Астон Вила.

Тој не го спомена Клоп, но на сите им е јасно на кого мислеше.

Јирген Клоп во јануари годинава изјави дека на Манчестер јунајтед за две години му се досудени повеќе пенали отколку на Ливепрул за пет и пол години.

По поплаките на Клоп, на Манчестер јунајтед му беа досудени пет пенали на 22 наптревари во Премиер лигата, додека на претходно „црвените ѓаволи“ беа наградени со шест пенали на 16 натпревари.
Оваа сезона не е досуден ниту еден пенал за Манчестер јунајтед.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кандидати за градоначалници го сметаат Кодексот за фер избори за фарса и не го потпишуваат

Следно

ВИДЕО: Автобус влета на игралиште во Србија, повредени се неколку деца

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian