Тргна АБА лигата со убедлив триумф на шампионот Црвена звезда

1 min read

Кошаркарите на актуелниот шампион Црвена звезда, одбраната на титулата во АБА лигата ја започнаа со убедлива победа над Сплит од 97:61.

Прашањето околу победникот не се поставуваше во ниту еден момент, „црвено-белите“ до убедливиот триумф над Сплит дојдоа влагодарение на одличната игра во одбраната и во нападот.

1Хрватскиот тим беше конкурентен само во првата четвртина која му припадна на шампионот со 22:16, по
што следеше фуриозна втора четвртина која „црвено-белите“ ја добија со 31:12 и ги решија дилемите околу победникот притоа оставајќи го како непознато со колкава разлика ќе слават.

На крајот предноста изнесуваше 36 поени (97:61). Најефикасен кај шампионот беше Никола Ивановиќ со 20 поени, Лазаревиќ даде 13, Цирбес 12, а Холинс 11 додека кај Сплит се истакна Чампара со 10 постигнати поени.

Во вториот наптревар на првиот ден од новата сезона во АБА лигата, екипата на Цибона приреди изненадување со триумфот на гостувањето кај Морнар со 77:87.
Кај победникот блескаше Роко Пркачин со 24 поени, Риверс даде 18, додека Гериќ постигна 17, а во редовите на Морнар по 18 поени постигнаа Михаиловиќ и Јеремиќ.

Во новата сезона во АБА лигата, интересно е што шампионот Црвена звезда не е главен фаворит за титулата, ниту вицешампионот Будуќност, туку тоа е екипата на Партизан која ја предводи легендарниот тренер Жељко Обрадивиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дали Путин и се одмаздува на Европа преку гасот?

Следно

Србија нуди по 10.000 евра за преселба на село, сѐ повеќе луѓе го прифаќаат предизвикот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian