Сребрен медал и две четврти места за шахистот Гавриловски на Светскиот куп во шаховски композиции

1 min read

Македонскиот велемајстор за шаховски композиции Зоран Гавриловски на деветтиот Светски куп на ФИДЕ за составување на шаховски композиции освои сребрен медал (со второнаграден проблем) во групата матови во два потега и беше четвртопласиран во групата матови во 3 потези и групата матови во четити и повеќе потези.

Гавриловски медалот и уверенијата ќе ги добие за време на 63. годишен конгрес кој од 16. до 23. октомври ќе се одржи во Родос, Грција.

Најуспешни на деветтиот Светски куп се шаховските композитори од Русија со пет златни златни, четири сребрени и еден бронзен медал. Најдобар учесник е рускиот велемајстор за шаховски проблеми Евгениј Фомичев кој освои два златни медали.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Д-р Јовановска: Препорачливо е бремените жени да се вакцинираат во четвртиот месец од бременоста

Следно

Младиот Србин кој вчера се полил со бензин, починал во Ургентен центар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian