Сончев викенд: Следните денови со значително повисоки дневни температури

1 min read

Времето во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре утринските температури ќе бидат многу ниски и на некои од повисоките места ќе се спуштат и до 0 степени, а преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

До понеделник ќе преовладува стабилно време со значително повисоки дневни температури. Од вторник и во следните два дена времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Apple“ вознемирени поради одлуката дека сите мобилни телефони во ЕУ ќе мора да имаат универзален полнач

Следно

ВИДЕО: Њокас го постигна четвртиот најубав гол на колото во Лигата на шампионите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian