Шахпаска: Општините активно да се вклучат во воспоставување социјални услуги на локално ниво

2 mins read

Министерство за труд и социјална политика работи на проширување на сместувачките капацитети за стари лица кои се оставени сами на себе, рече министерката Јагода Шахпаска во интервју за Канал 5 телевизија.

Во таа насока согласно европските стандарди проширен е Домот за стари лица д-р „Иван Влашки“ во Берово за дополнителни од 15 на 40 места за сместување. Исто така, Министерството за труд и социјална политика работи на реконструкција на едно крило во Здравствен дом во Пробиштип, односно на нов дом, со капацитет од 55 места.

Според министерката Шахпаска, Министерството за труд и социјална политика, пред сѐ, работи на приближување на услугите нега и грижа во домовите затоа што секое возрасно лице најпријатно се чувствува во својот дом.

– Ние како Министерство за труд и социјална политика и Влада, заедно со нашите партнери од Европската комисија, преку ИПА фондови работиме и на изградба на домови за стари лица. Секоја година Министерството, во склоп на социјалната програмата за капитални инвестиции, објавува повик на кој општините аплицираат согласно претходно подготвени проекти. Дополнително во владината програма постои отворање на дневни центри за здраво стареење и веќе такви центри воспоставуваме во различни општини за што имаме склучено договори за нивна имплементација. Јас ги поттикнувам и единиците на локална самоуправа како место во коешто живеат граѓаните, како место кое директно е во контакт со нивните потреби да бидат креативни да ги имплементираат овие мерки кои Министерството за труд и социјална политика ги препорачува и на тој начин да воспоставивме еден одржлив систем кој ќе биде точно во средината во кој што живеат старите лица, рече Шахпаска.

Министерката најави дека поради големиот интерес на граѓаните социјалните услуги и во иднина ќе се развиваат.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Талибанците повторно како казна ќе воведат отсекување на раце

Следно

Роналдо за 18 месеци ќе биде менаџер на Манчестер јунајтед

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian