Сѐ е подготвено за ковид пропусниците во Србија, се чека конечна одлука

2 mins read

Државниот секретар во Министерството за здравство на Србија, Мирсад Ѓерлек, изјави денес дека се очекува седница на Кризниот штаб, како што најави премиерката Ана Брнабиќ, во следните неколку дена и дека на неа ќе се донесе конечна одлука за ковид пропусниците, за кои се е подготвено, јави дописникот на МИА од Белград.

-Јас не сум личност што би можела да ви даде конкретен одговор кога ќе се одржи седницата на Кризниот штаб, сите очекуваме тоа да биде во следните неколку дена. Се е подготвено што се однесува до ковид пропусниците, ја чекаме конечната одлука, да се види кој се во игра – дали се тоа само ноќните клубови, ресторани, кафулињата. Знаеме дека прехранбените објекти не се во игра, затоа што сакаме да ги почитуваме сите уставни форми и да не ги кршиме правата на нашите граѓани, а од друга страна да го запреме ширењето на инфекцијата и да не ги дискриминираме луѓето по која било основа, изјави Ѓerерлек на отворањето на Националниот центар за комуникации во Институтот за јавно здравје „Д -р Милан Јовановиќ Батут”.

Тој посочи дека ковид пропусниците, ќе бидат еден вид на популаризација на вакцинацијата.

Кога станува збор за моменталната епидемиска состојба, досега 53 отсто од граѓаните се вакцинирани со првата доза, додека 51 проценти се вакцинирани со третата доза. Експертите велат дека ова не е доволно за колективен имунитет и апелираат луѓето да се вакцинираат, бидејќи сметаат дека вакцинацијата е единствениот начин да се врати нормалниот живот.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нови 525 случаи на коронавирус и 12 починати лица

Следно

Посебен сообраќаен режим утре во центарот на Скопје

Latest from Blog

На денешен ден – 21 октомври

1422.- Умре францускиот крал Шарл VI, кој на престолот беше 42 години. Во почетокот на владеењето бил наречен „Саканиот Шарл“, но

MacedonianEnglishAlbanian