Роналдо за 18 месеци ќе биде менаџер на Манчестер јунајтед

2 mins read

Првата ѕвезда на Манчестњер јунајтед, Кристијано Роналдо би можел за 18 месеци да стане менаџер на „црвените ѓаволи“ доколку актуелниот менаџер не освои некој трофеј дотогаш.

Ова го тврди поранешниот менаџер на Тотенхем, Тим Шервуд кој смета дека тоа би бил разумен потег на управата на Јунајтед доколку Солскјер во наредниот период не триумфира во Премиер лигата, Лигата на шампионите или во ФА купот.

Можам да го видам на клупата на Јунајтед за 18 месеци. Мислам дека ќе стане менаџер во истиот момент кога ќе ја заврши играчката кариера. Роналдо во последните години дава инструкции од клупата, го видовте во финалето на ЕП 2016 година кога беше покрај селекторот на Португалија, но и за време на гостувањето на Јунајтед против Јанг Бојс во ЛШ – вели Шервуд.

На натпреварот против Јанг Бојс, Роналдо кога беше изваден од игра остана покрај менаџерот Оле Гунар Солскјер и почна да им дава инструкции на фудбалерите кои беа на теренот.

Можам да се обложам дека ќе биде менаџер на Јунајтед за 18 месеци доколку Солскјер не освои трофеи. Ова не е Роналдо од првиот пат кога беше во Јунајтед. Сега знае што е потребно и има желба да застане покрај менаџерот и да даде одредени упатства и вие тоа мора да му го дозволите. Не сум сигурен дека тоа би го правел со некој постар и поискусен тренер, на пример со Мурињо, но исто така морате да го прашање Роналдо бидејќи тој смета дека е потребно да стане и да даде одредени насоки и упатска – додава Шервуд.

Манчестер јунајтед има добар старт во Премиер лигата, со скор од четири победи и едно реми се наоѓа на делба на лидерската позиција на табелата, но киксот во ЛШ и поразот од Јанг Бојс како и елиминацијата од Вест Хем во ФА купот на наруши довербата во Солскјер.

Следен предизвик за Манчестер јунајтед е утрешниот натпревар против Астон Вила во рамки на шестото коло во Премиер лигата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шахпаска: Општините активно да се вклучат во воспоставување социјални услуги на локално ниво

Следно

Осумгодишно девојче кое исчезна лани во Германија, пронајдено во стан во Хрватска

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian